Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Тетово се одржа седница на Унијата на албански општини низ Балканот, Касами најави отворање иновативен центар за млади 

Општина Тетово денеска беше домаќин на седницата на Унијата на албанските општини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Тетово денеска беше домаќин на седницата на Унијата на албанските општини во Балканскиот регион.  Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами информираше дека на овој состанок имало дискусии со цел да се разгледаат работните приоритети за 2026 година.

-Тема на дискусија беа реализација на проектите со заеднички интерес. Тетово е дел од реализација на ваквите проекти. Значи со поддршка на Унијата во Тетово ќе се реализира Иновативен центар за млади, каде што младите од Тетово и од поширокиот регион на Тетово од другите општини кои гравитираат, ќе можат да ги истакнат своите иновативни капацитети во делот на новите технологии. Со тоа ќе придонесеме да нашите млади бидат подготвени за пазарот на трудот, изјави Касами.

Според градоначалникот се разговарало и за соработка на градовите со помош на ЕУ-фондови за прекугранична соработка.

Реклама

-Се разговараше за други регионални проекти, особено во делот на апликации на проекти, прекугранични проекти на Европската Унија, како и други проекти во областа на развојот на туризмот, културата и други проекти во заеднички интерес на граѓаните од општините кои се дел од оваа унија, рече Касами.

Унијата на албанските општини во балканскиот регион е формирана во 2016 во Тирана, Албанија, од претставници на пет општини Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево. Од 2019 година Унијата е регистрирана како здружение во Тирана.