Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Во тек е финалната фаза од уредувањето на домот на националниот џез оркестар

Убеден сум дека овој простор ќе стане нов дом на џезот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убеден сум дека овој простор ќе стане нов дом на џезот во Скопје, порача Министерот за култура Зоран Љутков од просториите каде ќе биде сместен Националниот џез оркестар. Станува збор за современ и функционален објект кој треба да обезбеди достоинствени услови за работа на музичарите и да стане нов центар на културата во Скопје. Првата фаза на реновирање веќе е завршена и опфаќа инфраструктурни работи и инсталации. Во тек е и втората фаза, која треба да го даде конечниот изглед на просторот, а рокот за изведба е 90 дена.

„Направени се оние погрубите работи во овој простор. Во втората фаза се одобрени некаде околу 7,5 милиони денари со кои ќе биде завршен конечниот изглед и на канцеларискиот простор, собите за вежбање и на салата што е во склп на овој простор. И конечно рок на изведба изведувачот има 90 дена ”, изјави Зоран Љутков, Министер за култура

Националната установа џес оркестар оваа година од државата доби 9 милиони денари за програмски активности. Новиот простор ќе зафаќа околу 500 квадратни метри и ќе содржи голема сала за проби, тонско студио, административни канцеларии и помошни простории.

Реклама

„Бескрајно сме благодарни на поддршката на раководството кој што ни излегоа во пресрет овие години за можноста да ги реализираме нашите концерти и нашата програма. Ова ќе биде суперолеснителна околност за во иднина да би реализирале уште подобри проекти и програма ”, изјави Гоце Стевковски, директор на Национален џез оркестар

Основниот проект за реновирање и уредување на овие простории кај Националната опера и балет е изработен уште во 2023 година. До крајот на годината, уште шест до седум институции од областа на културата, кои се во фаза на изградба, ќе бидат завршени.