Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега за набљудување на изборите е акредитиран само Младински културен центар Битола. 

Рокот за барањето за набљудување започна од денот на распишување на изборите, а завршува на десет дена пред денот на гласањето, односно на 8 октомври на полноќ. Барања за набљудување на изборите може да достават сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права, меѓународни организации и претставници на странски земји вклучително и претставници на медиуми.  Подносителите на барањата за следење на изборите поднесуваат Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес, додека претставниците на странските медиуми поднесуваат Формулар за акредитација на медиуми. Двете барања се достапни на веб страната www.sec.мк.

Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето доставуваат и Копија од Статут на здружението, копија од регистрација пред надлежен орган, список на набљудувачи и копија од документ за идентификација на предложените набљудувачи.

Реклама

Меѓународните организации и претставници на странски земји, покрај Барањето за набљудување, доставуваат и Список на набљудувачи и копија од документи за идентификација на предложените набљудувачи.

Претставниците на странските медиуми покрај Барањето за акредитација на медиуми, доставуваат список на новинари, сниматели, фоторепортери и копија од документ за идентификација.

Претставниците на медиумите од Македонија не подлежат на процес на акредитација.

Барањата со потребните прилози се доставуваат на мејл адресата [email protected], најдоцна десет дена пред денот на гласање, односно најдоцна до 08 октомври 2025 година до 24.00 часот.

Државната изборна комисија ќе издаде овластување на сите подносители за набљудување и следење на изборите кои ги исполнуваат условите најдоцна 7 дена по приемот на барањето.