Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Во Струмица се одржаа Бадникарски концерт и поворка

Во Струмица денеска Фондацијата „Елеуса“ во соработка со Струмичката Епархија и Школата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Струмица денеска Фондацијата „Елеуса“ во соработка со Струмичката Епархија и Школата за веронаука при храмот „Свети Кирил и Методиј” и ВИС „Стихири“, а под покровителство на Општина Струмица и годинава традиционално  организираа Бадникарски концерт и поворка.

Одбележувањето на Бадник почна со Бадникарска поворка од Манастирот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, која се движеше до зградата на Општина Струмица, каде младите бадникари ги пречекаа градоначалникот Петар Јанков и викарниот епископ Стобиски Јаков и притоа им поделија пакетчиња.

Според градоначалникот Петар Јанков, ова е еден прекрасен настан кој ја негува нашата традиција. 

Реклама

-Денеска на Бадниковата поворка имавме преку 300 дечиња кои даваат силна верба во верата, љубовта и заедништвото, настан кој покажува дека ние со таква младина имаме светла иднина. Благодарност до МПЦ и Фондацијата „Елеуса“ за целосната организација на овој настан, изјави Јанков.

Викарниот епископ Стобиски Јаков рече дека  раѓањето Христово се слави повеќе од 2.000 години и тоа е најчудесното раѓање, најубавото раѓање заради тоа што не се раѓа обичен човек, туку Бог кој благоволи да стане човек и да се роди како слуга на сиот човечки род. 

-И овој концерт што се организира веќе неколку години заеднички на Фондацијата „Елеуса“ со Советот на Општина Струмица и градоначалникот е на некој начин давање на легитимитет на идентитетот наш христијански, изјави епископот Јаков.

На Бадникарскиот концерт на Плоштадот „Гоце Делчев“, пред платото на НУЦК „Антон Панов“, беше изведена богата црковна и културно-уметничка програма, а и во други општини во Југоисточниот регион беа организирани манифестации по повод Бадник.