Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Во струмичката болница наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф, најави министерот Алиу

Во струмичкиот регион наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф согласно сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во струмичкиот регион наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, најавува министерот за здравство, Азир Алиу.
 
Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица, како што соопшти денеска Министерството за здравство, Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски обврски, но дека преку подобро управување веќе се постигнати конкретни резултати.
 
– Болницата во Струмица ја наследивме со над 100 милиони денари долгови. Денес, со добро менаџирање на таа институција, долгот веќе се намалува за 20 милиони денари. Продолжуваме да ја реорганизираме буџетската линија и функционалностите во таа болница –  образложи министерот Алиу и додаде дека во болницата е реконструиран цел оддел, кој е во фаза на технички прием и наскоро ќе биде ставен во функција за граѓаните.
 
Тој  рече дека струмичката болница е дел од поширокиот процес на зајакнување на регионалните здравствени капацитети, со цел граѓаните да добиваат поквалитетни и подостапни услуги поблиску до местото на живеење. Притоа, нагласувајќи дека Министерството за здравство работи врз основа на функционални анализи за секој регион, според демографијата, потребите на пациентите, расположливите здравствени услуги и човечките капацитети.

Во таа насока, министерот Алиу се осврна на примерот со Битола, каде што онколошкиот центар има значаен потенцијал за регионална достапност на услуги.
 
– Во Битола онколошкиот центар е еден од најмодерните, но за жал, во минатото не е инвестирано доволно во технологии. Таму имаме двајца онколози и работиме заедно со Клиниката за радиотерапија и онкологија за онколошките услуги да бидат достапни за граѓаните од тој регион – рече министерот Алиу.
 
Тој потсети и на инвестициски циклус што ќе следува во здравствената инфраструктура во Штип, Кичево и Тетово.
 
– Со Владата имаме план да се инвестираат 205 милиони евра во Штип, Кичево и Тетово. Од аспект на инфраструктурата, здравството нема да изгледа како досега и ќе има реален пристап во согласност со здравствените услуги – рече министерот Алиу.