Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Во Струга презентирани можностите за „Креативна Европа 2021 – 2027“ во потпрограмите култура и медиа 

– Македонија има континуитет во користењето на програмата „Креативна Европа“, но интересот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Македонија има континуитет во користењето на програмата „Креативна Европа“, но интересот на европско ниво е зголемен за 70 отсто, што значи дека се зголемува и бројот на квалитетни апликации. Тоа го истакна раководителот на канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам, Билјана Прентоска на денешната сесија во Струга на која беа споделени информации за актуелните и претстојните повици на програмата „Креативна Европа“ во потпрограмите култура и медиа.

Македонските организации, нагласи, треба да бидат свесни дека е потребно да аплицираат со сериозни и квалитетни предлог проекти. 

– Заедно здружено со нивни партнерски организации од ЕУ. Сакаме да укажеме дека компетитивноста станува се поголема и поголема, затоа што интересот за ова програма на европско ниво е многу зголемен, рече Прентоска.

Реклама

Пред присутните говореше за сите програми почнувајќи од литературните преводи, односно категоријата циркулација на европски книжевни дела за која повикот е во тек. Потоа говореше за проектите за соработка од областа на културата, културните иновативни лаборатории од крос-секторскиот или меѓусекторската програма, Perform Europe, можностите за изведбена Европа, културата ја движи Европа…

– Културата ја движи Европа, е многу важен повик каде што имаат можности да аплицираат индивидуалци, односно уметници, културни работници, професионалци, која што е еден вид акција на креативна Европа, како еден вид Еразмус во културата, појасни Прентоска. 

На присутните им беа претставени условите, критерумите, можностите и целите на сите повици, заедно со примери на добра пракса, а беа дадени и технички упатства како да се пристапи до порталот на Европската комисија, како да се регистрират учесниците, начинот на пополнување на апликациите и увид во процесот на аплицирање.

– Ќе бидат споделени сите информации кои ќе им се потребни за да започнаат подготовка за еден европски проект. Дали им се потребни партнери, дали им е потребна развојна проект идеја, сите исто, или пак им е потребна техничка асистенција, додаде Прентоска.

За еден културен работник или институција да може да аплицира со проект, според неа, мора добро да е информиран за сите можности кои што се нудат за културните и креативните сектори. 

– Да се запознаени со сите финансиски можности. Добро да ги познава критериумите или целите на одредените акцији, за да може полесно да пронајде и секако во асистенција со нашата канцеларија, да биде упатен на конкретниот повик. Партнерствата се многу важни, особено за повикот во јануари за проекти за соработка, затоа што тоа се копродукциски проекти, каде што им е потребно вмрежување и партнери, со земјите учеснички во Креативна Европа, повеќе од 40 земји, истакна Прентоска. 

Според неа, поголема е веројатноста да го добијат проектот доколку аплицираат со нивни партнери кои имаат искуство, како коорганизатори за да можат да влезат во процесот, да научат што значи европски проект, пополнување на апликација, крирање на проект, идеја што значи тоа е европска додадена вредност во проектот и слично.