Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила

Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила, директно поддржана и од претседателот на СКСМ Бранко Азески.

По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е избран Благоја Димитровски од Тојота Авто Центар, а за потпретседател Ана Јаневска од Автонова.

Претседателот Азески, посакувајќи им успешно заедничко делување во најстарата и најмоќна бизнис-заедница, посочи дека оваа дејност го изразува врвот на технолошки достигнувања, дејност која е предводник на иновациски процеси и компании кои со начинот на делување поставуваат нови модерни стандарди во работењето. Јасно е вели Азески, дека за поволна бизнис клима потребно е, владеење на правото, почитување на принципите на пазарната економија, одговорност на институциите. Континуираните кризи кои речиси дваесет години (од 2008 г., наваму), само го менуваат обликот оставаат сериозни штетни последиици по бизнисот и токму затоа Македонија треба да ја искористи оваа состојба и да се насочи кон користење на компаративните предности со кои располага. Една, и клучна од сите е вардарската долина која врзува два коридора во патната и железничката инфраструктура, што ја прави државата транзитно значајна дестинација.

Реклама

Инаку, целта на обедувањето на компаниите во Групацијата при Комората е преку системско делување да можат да ги компарираат податоците и фактите во интерес на иницирање решенија со кои во државата ќе се поттикне користење на еколошки поквалитетни нови моторни возила, за што е потребно со надлежните државни институции инволвирани во дејноста, да се добиваат навремено и континуирано податоци. На тој начин, како што посочуваат овластените увозници на моторни возила во Македонија, преку компаративни анализи ќе може да се предлагаат и креираат мерки и решенија со кои новите автомобили би биле поветини на домашниот пазар, што ќе значи не само обнова на автопаркот на граѓаните, компаниите и правните субјекти, туку и помала емисија на CO2 гасови и почист воздух.

Генерално, проблемите на компаниите се повеќе слојни. Македонија сега има највисоки увозни царини во регионот, проблем е со ЕУР-4 кој дозволува увоз на 22-24 години стари моторни возила (Косово и Албанија до 10 години), данок за возила (врз основа на вредност но и на CO2 емисијата), одредени законски пропусти за електрични возила, се само некои од приоритетите кои треба да се решаваат. Креирањето на база на податоци се наметнува како приоритет за идното работење. Официјалните податоци на статистика не се реални, во истата група се и трактори и се останато, а компаниите ги доставуваат своите податоци до министерството за внатрешни работи за продажба и извоз, што значи база на податоци постои во институциите.

Инаку, просечната старост на автомобилите во РСМ е 19,5 години, со што и прашањето за загадување станува приоритет за решавање. Дополнително, нелојална конкуренција претставува и продажбата на увезени моторни возила преку физички лице.