Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Во Собранието се интервјуираат кандидатите за член во Државната комисија за спречување на корупција

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска спроведува јавно интервју со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска спроведува јавно интервју со пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

На јавна седница со право за интервју се стекнаа Антонија Андонова Тасевска дипломиран правник и магистер по казнено право од Гевгелија, Марија Китанов Катралова дипломиран економист и магистер по економски науки од Кавадарци, Владимир Клековски дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Милка Муратовска од Струмица, дипломиран правник со положен правосуден испит магистер по казнено право, и Борче Стојановски дипломиран економист и магистер по деловна администрација од Скопје.

Презентирајќи ја својата програма, кандидатката Антонија Андонова Тасевска истакна дека нејзината визија е ДКСК да се развие во силна, независна и професионална институција што ќе биде кредибилен коректор и коректив на сите избрани и именувани лица и активен двигател на антикорупциските политики.

Реклама

Согласно редоследот, на јавното интервју, требаше да се појави кандидатката Марија Китанов Катралова, но таа не присуствуваше на јавната седница и согласно правилникот, нејзината пријава комисијата за селекција ја отфрли.

Работата на комисијата за селекција на пријавентите кандидат за член на ДКСК ќе продолжи по паузата која е во тек.