Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството

Владите треба да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владите треба да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција почнувајќи од образованието, развојот на вештини и пристапот до јавни услуги – истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во обраќањето на министерскиот состанок на Глобалниот самит за вештачка интелигенција, кој се одржува во Сеул.

Андоновски, кој ја предводи македонската делегација на Глобалниот самит, во своето обраќање предупреди дека постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу побогатите земји и економиите во развој, како и меѓу граѓаните со разни приходи, соопшти Министерството за дигитална трансформација.

– Земјите што имаат средства да вложуваат во напредни алатки, пресметковни капацитети и вештини може забрзано да напредуваат, а економиите во развој дополнително да заостануваат. Талент постои во секоја држава, но можноста да се пристапи до вештачка интелигенција не е еднаква за сите – истакнал Андоновски.

Реклама

Министерот нагласил дека достапноста на вештачката интелигенција мора да стане јасен развоен приоритет, а како можни механизми ги посочил заедничкото користење пресметковни ресурси, регионалниот пристап и националните програми за развој.

Во тој контекст, Андоновски го претставил значењето на „Везилка“, македонската антена поврзана со европските фабрики за вештачка интелигенција. Преку неа компаниите и јавните институции се поврзуваат со европски суперкомпјутерски ресурси, добиваат поддршка за развој на практични решенија и се создаваат јазични модели и податочни збирки на македонски јазик.

Осврнувајќи се на суверенитетот на податоците, министерот истакнал дека тој подразбира способност државата да ги развива и проширува сопствените дигитални решенија, да ги заштитува информациите на граѓаните и со доверба да соработува со меѓународните партнери.

– Можноста да се користат придобивките од вештачката интелигенција не смее да зависи од богатството на една држава или од приходите на едно семејство – заклучи Андоновски.

На маргините на самитот, се наведува во соопштението, министерот Андоновски ќе оствари и билатерални средби со заминик-претседателот на Светската банка, претставници на Република Кореја и колеги министри, на кои ќе разговара за продлабочување на соработката во дигиталната трансформација и вештачката интелигенција.