Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека ќе ги продолжи засилените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека ќе ги продолжи засилените вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, чија цел е, како што наведува, „сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори“.

– Минатата недела, во рамките на акциите спроведени на скопскиот „Зелен пазар“ и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над пет тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук, кои нелегално се продавале надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци – информира АХВ.

Контролите се спроведуваат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна.

Реклама

– Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилените контроли и во наредниот период на разни локации во Скопје и во  државата. Целта е заштита на здравјето на потрошувачите, спречување на прометот со небезбедна храна и создавање фер услови за работа на легалните трговци и примарните земјоделски производители – посочува АХВ во соопштението.