Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Орце Ѓорѓиевски му го честита водството на Стојанчо Радичевски на изборите во Брвеница

Градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, му го честита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, му го честита водството на Стојанчо Радичевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница, по вчерашните избори во општината, при што тој влегува во вториот изборен круг.  

Ѓорѓиевски на „Фејсбук“ напиша дека довербата што ја дале граѓаните е огромна чест, но и обврска за уште поголема посветеност за подобрување на животот на жителите во Брвеница.

– Му честитам на мојот иден колега Стојанчо Радичевски за убедливото водство. Оваа доверба е огромна чест, но и обврска да се возврати со уште поголема посветеност и со дела што ќе го подобрат животот на секој жител. Честитки до жителите на Брвеница, кои повторно го направија вистинскиот избор и застанаа зад луѓето што ја имаат нивната доверба. ВМРО-ДПМНЕ е убедливо на врвот, со народот и за народот! Продолжуваме силно за уште поголема победа во вториот круг. Довербата ја оправдуваме со дела! – објави Ѓорѓиевски на својот фејсбук-профил.