Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа

– Во Собранието денеска втор ден ќе се одржува Регионална конференција за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Собранието денеска втор ден ќе се одржува Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На конференцијата ќе се обрати Диана Жупаноска, национална офицерка за владеење на правото и човекови права во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а инспиративна сторија од страна ќе презентира Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет на Македонија.

На тема „Оперативни стандарди за идентификување и истражување на родово поврзани убиства“ ќе говорат Џема Николас, одбор на директори на Унитарната платформа против родово насилство, Шпанија, Иванка Марковиќ, судијка на Уставен суд на Република Српска и редовна професорка по кривично право и кривично процесно право, Универзитет во Бања Лука, Босна и Херцеговина и Сања Станковиќ, виша советничка при Комесаријатот за заштита на еднаквоста од Србија.

Реклама

На сесијата насловена „Оперативни стандарди за собирање податоци за фемицид“ ќе говорат Дубравка Шимоновиќ, поранешна специјална известувачка на ОН за насилство врз жени и девојчиња, Брунилда Дервишај, помошник-комесарка на Генералниот оддел и тематски експерт за фемицид – Опсерваторија за фемицид во Албанија, Аделина Бериша, програмска директорка за справување со родово базирано насилство, Косовска мрежа на жени, Приштина, и Билјана Настовска, надворешна соработничка на Мисијата на ОБСЕ во Косово.

Заклучоциците, препораките и следните чекори ќе ги презентираат Диана Жупаноска, национална офицерка за владеење на правото и човекови права во Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Елмаја Бавчиќ, советничка за родова еднаквост при Секретаријат на ОБСЕ.

Регионалната конференција ќе биде затворена од Сузан Пенкса, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.