Реклама

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Македонија

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе продолжи со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе продолжи со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска.

За позицијата се пријавија 13 кандидати, а по извршениот процес на селекција во Комисијата останаа десетмина. Претседателот на Комисијата за селекција на кандидатите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски вчера информираше дека во петок ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на која ќе биде изгласан кандидатот по донесувањето на одлуката од членовите на Комисијата за селекција.

Реклама

-Првично имаше пријавено 13 кандидати за оваа позиција. Едниот кандидат ги повлече документите, а Комисијата по административната проверка заклучи дека двајца кандидати не ги исполнуваат условите. Во моментов има десет кандидати кои ги исполнуваат условите. Денеска започнуваме со интервју со пет од нив, а утре ќе продолжиме со останатите пет. И планот е во петок да биде свикана собраниската Комисија за избори и именувања и претседател на ДКСК да биде избиран по оценувањето на Комисијата за селекција, рече тој.

Стојаноски нагласи дека по завршувањето на интервјуата на десетте кандидати, односно во четврток членовите на Комисијата за селекција на кандидатите треба да се соберат и да донесат одлука за рангирање на кандидатите соодветно и да ги оценуваат секој член на Комисијата посебно. 

Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“. 

За претседател на Државната комисија може да биде именувано лице кое е македонски државјанин и има постојано место на живеење во земјава, да има деловна способност, да има високо образование со стекнати најмалку 300 ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки или високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на политичките, комуниколошките или економските науки, да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, во последните десет години да не било пратеник во Собрание, член на Владата, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија.