Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии

Во Собранието денеска седница ќе одржат  пет комисии – Комисијата за еднакви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седница ќе одржат  пет комисии – Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за здравство, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата  за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правнавната комисија.

Пред членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите се Годишниот извештај за 2022 година и 2023 година за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 и Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 и Годишниот извештај за 2024 година за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 и Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024.

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог на закон за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка.

Реклама

На Комисијата за финансирање и буџет се Ревидираната фискална стратегија на Македонија за 2026-2030 година – Второ читање, Предлог на законот за задолжување на Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Македонија-Транспорт АД Скопје, Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Предлог на законот за изменување на Законот за платежни услуги и платни системи, сите по скратена постапка.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред е Предлог на Законот за изменување на Законот за административни службеници, по скратена постапка.

На дневен ред на Законодавно-правнавната комисија се Предлог на законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, Предлог на законот за задолжување на Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Македонија-Транспорт АД Скопје, Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлог на законот за изменување на Законот за платежни услуги и платни системи и Предлог на Законот за изменување на Законот за административни службеници, сите по скратена постапка.