Реклама

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Македонија

Во Скопје почна 32. Државен натпревар по прва помош

Во Скопје денеска на Плоштадот „Македонија“ почна 32. Државен натпревар по прва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска на Плоштадот „Македонија“ почна 32. Државен натпревар по прва помош. Домаќин на овој настан е Црвениот крст на град Скопје. Настанот ги обединува најдобрите младински екипи од државава, кои ќе ја практикуваат првата помош што е многу повеќе од знаење на неколку техники, туку е одговорност и подготвеност да се помогне тогаш кога помошта е најпотребна. 

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски отворајќи го натпреварот се заблагодари за сета пожртвуваност на Црвениот крст и за сите активности во изминатите децении.

– Морам да се вратам наназад уште кога бев градоначалник во Кисела Вода пред пет години, кога ја остварив првата средба со вашиот генерален секретар и претседателката на скопската организација на Црвениот крст, искрен да бидам, немав ни одблиску информација за тоа што го правите вие цел изминат период, изминативе 30-ина години во независна Македонија и капа долу за цела ваша пожртвуваност, вашето слободно време и за тоа што сте еден од најцврстите столбови на нашиот главен град – на градот Скопје – рече Ѓорѓиевски. ​

Реклама

Истакна дека Црвениот крст ќе ја има поддршката за време на неговиот мандат. 

-Јас како градоначалник и прв човек, спроведувам низа активности благодарение на вас и на вашата поддршка цел изминат период, а вие како Црвен крст – не само скопскиот, туку генерално Црвениот крст, ќе ја има најсилната поддршка токму во мојот мандат.  Се надевам дека најдобрите ќе победат и дека фер – борба и натпреварување ќе имате сите денеска – им се обрати тој на присутните – истакна Ѓорѓиевски.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити рече дека оваа година, натпреварот по прва помош се одвива под мотото „Прва помош во урбана средина“.

– Едно предизвикувачко лого во смисла на подготовка и заложби на сите нас да се подготвиме за идното живеење – би рекол, во урбаните средини, така динамично и ексклузивно како што се случува секојдневно, а тоа значи дека преку една таква подготовка, преку спроведување на логото на федерацијата, нели, до 30-тата година – 2030, сите ние да се заложиме да имаме барем по едно лице подготвено, односно спремно за давање на прва помош во домашни услови, во работни организации, во училишта, сите ние да придонесеме за еден поквалитетен живот и поовозможувачка средина за сите нас – појасни Саити.

Тој рече дека сака да го истакне херојството на младите, кои смета оти ќе покажат пример за сите нивни врсници.

– Како секој од нив, доколку не го направил потребниот потег, да одпочне, односно да го направи. Ви благодарам за вашата подготвеност да помогнете и да придонесувате – порача Саити, посакувајќи фер и успешен натпревар.

Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска нагласи дека првата помош спасува живот.

– Првата помош спасува живот – една од многуте важни програмски активности на Црвениот крст. Денеска сме домаќини на 32. Државен натпревар по прва помош. Црвениот крст на Град Скопје се потруди денеска на 10 локации низ урбаната средина да направиме вистински, реални сценарија, сè со цел екипите што беа најдобри на општинските и на регионалните натпревари – а денеска се 10 на број, да го покажат своето знаење – појасни таа.

Таа рече бидејќи првата помош спасува живот, навистина и сметаат дека на овој начин – преку вакви натпревари, ја подигнуваат свеста за значењето на првата помош.

– И за тоа што секој одговорен граѓанин којшто сака да биде социјално одговорна личност во општеството, мора да ги знае барем основните чекори за давање на прва помош. Дури тогаш ќе зборуваме за едно хумано општество, каде што сите заеднички ќе се грижиме за повредениот и за тој, на којшто му е потребна помош. ​Црвениот крст на Град Скопје има свој Центар за обука по прва помош каде што добродојдени се сите граѓани на територијата на нашиот град и надвор од Скопје, да ги поминат сите оние основни обуки. И затоа сметам дека денеска, заедно со медиумите, упатуваме апел да бидеме дел од сè она што го нудиме како палета на обуки, заради тоа што навистина никогаш не знаеме каде ќе бидеме потребни – дали на улица, дали во возило, дали во сообраќајот, дали во домот, во некои средини каде што навистина знаењето за првата помош е од важно значење до доаѓањето на брзата итна медицинска помош. ​Црвениот крст е, значи, долекарска помош. Тоа е вештина – не мора да се биде медицинско лице за да се практикува првата помош, едноставно треба да се има желба да се научат основните чекори за да бидеме совесни и хумани граѓани – подвлече Тунева Пауновска.