Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Во штипската населба „Балканска“ одбележан Денот на независноста

Пораката е многу јасна, концизна и прецизна – да се биде Македонец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пораката е многу јасна, концизна и прецизна – да се биде Македонец е чест, но и обврска – истакна денеска во Штип директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на независноста на Македонија, а кој традиционално го организираат Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, Сојузот на здруженијата на Македонци и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ и општина Штип. 

Ангелов посочи дека на секој Македонец обврска му е да ја чува македонштината и да ја носи насекаде низ светот. 

-Ние сме библиски народ, постоиме многу години пред Христа, постоиме илјадници години и треба на секој Македонец кој не е во Македонија, но и на Македонците кои сме во Македонија, да ни биде обврска македонскиот генетски код, македонштината да ја чуваме, да ја носиме насекаде низ светот и насекаде каде што одиме низ државите каде што престојуваме, работиме, живееме, а не сме во Македонија, да ни биде обврска да го почитуваме тој генетски код на македонската нација-изјави Ангелов. 

Реклама

Тој порача и дека треба да се чува и македонскиот јазик и да се пренесува од колено на колено. 

 -Секоја мајка има обврска да го научи своето чедо, да го зборува македонскиот јазик, да го научи и на кирилицата, да го научи и на македонските песни, ора, игри, на македонската традиција. Едноставно, Македонец е чест, но пак ќе кажам, тоа е и голема обврска да се зачува македонскиот идентитет низ вековите кои ни доаѓаат-подвлече Ангелов. 

Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип е иницијатор на настанот во Штип, а кој веќе две децении се одбележува Денот на независноста и на кој присуствуваат голем број на гости од земјата, странство, како и претставници на Здруженијата на Македонци во Албанија, Бугарија, Грција и Србија. Трајче Димков од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип порача дека она што го прават денес и овие 20 години е всушност празнување и чествување на она што го бараат Македонците од Егејска Македонија. 

-Тие се градеа во Илинденското востание, се градеа во Народноослободителната борба. Бидејќи тогаш не успеаја да се вратат во своите огништа, затоа е посебно чувството да се празнува сега во слободна Македонија, да се празнува овој празник. ​Пораката е многу едноставна: да се обединиме сите кон името Македонија, да се обединиме сите кон идентитетот, да се обединиме без разлика на било какви разлики – партиски, верски, да се обединиме со намера Македонија да опстане-вели Димков. 

На денешното одбележување на Денот на независноста со свои пораки пред присутните се обратија и градоначалникот на општина Штип,Иван Јорданов и пратеничката во македонското Собрание Жаклина Пешевска. На споменикот кај црквата „Свети Констанин и Елена“ во штипската населба Балканска делегациите и претставниците на државни, локални институции, како и на здруженијата на граѓани од земјата и странство положија букети цвеќе.