Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Во Штип уште го нема базенот што власта го вети

Штип никако да го добие ветениот затворен базен. Судејќи по темпото на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип никако да го добие ветениот затворен базен. Судејќи по темпото на градежните активности, најверојатно децата ќе треба да почекат уште некое време за првите часови по пливање. Помина и четвртата зима од ставањето на камен темелникот, а од помпезната најава дека градот ќе добие нов спортски објект, нема ништо. Модерниот спортски комплекс своите врати  требаше да ги отвори до крајот на 2021, но наместо деца, дворот е обраснат со трева и е обграден со лим.

 „ Нешто почнаа по малце да подработуват, ама како што ја прават браната, така и базенот. СЕга пред избори, после пак ќе замрат работите. Уште во деведесетите ни ветуваа базен кај бања Кежовица, сега кај Сутлакот и пак ништо„ велат анкетираните граѓани.

И додека во Европа ваквите објекти се градат за еден месец, на нас ни се потребни години, остри реагираат спортските работници. Постои опасност пливањето како спортска дисциплина засекогаш да замре во Штип. Јавниот базен стана приватен. Инвеститорот повеќе не дозволува тренинзи таму и поради тоа децата мора да тренираат во Скопје или Куманово, објаснува Мирко Јакимовски од пливачкиот клуб„Челични„.

Реклама

  „Ние сме универзитетски град и мора да имаме базен. Имаме голем број на деца кои имат корективни проблеми, првично заради нив. Втората работа е што ние имаме голем број на рекреативци кои се уште се надеват дека тој покриен базен ќе биде изграден и ќе даде голем мотив и на нашиот клуб, но и на останатите граѓани на Штип„ изјави Мирко Јакимовски-ПК„Челични„

Алфа неколкупати се обрати и до инвеститорот Агенцијата за млади и спорт да прашаме која е причината поради која затворениот базен не се гради, но одговор не добивме. За објектот да не стане уште едно здание како новата Клиничка болница, Општина Штип се понуди да го доизгради објектот, но тогаш беа одбиени со образложение дека градежните активности ќе почнат, а објектот до крајот на 2023 да биде готов. Затворениот базен требаше да биде со должина од 25метри и неговата иззградба е дел од проектот изградба на 14типски базени.

https://youtu.be/TS9otkgoX10