Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Во Штип обука на библиотекари, образовни асистени и директори за работа со лица со попреченост

Со цел унапредување на условите за лицата со попреченост, денеска во Штип…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел унапредување на условите за лицата со попреченост, денеска во Штип се одржа обука посветена на инклузијата во библиотечната дејност. На настанот учествуваа библиотекари, директори, наставници и образовни асистенти, кои дискутираа за подобрување на комуникацијата и пристапот до услугите за лицата со посебни потреби. 

Обуката, организирана во Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, имаше за цел да обезбеди еднаков пристап до информации и знаење за сите граѓани. Директорката Ивана Биџовска истакна дека интересот за обуката е голем. 

-Овој настан инклузија, предизвик или мотиватор во библиотечната дејност е посветен за обучување на библиотекарите при работи со лица со попреченост, односно за подобрување на нивната комуникација и работата со ваквите лица. Нашата цел е да овозможиме еднакви можности за сите граѓани, односно секој граѓанин да има еднаков пристап до информациите, културата и знаењето. Особено не радува тоа што интересот за присуството на оваа обука е голем. Присутни се библиотекари, директори од национални и локалните библиотеки од Македонија, како и образовни асистенти, наставници од основните училиште и градинките-вели Биџовска.

Реклама

Јовица Никчевски директор на Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје нагласува дека инклузијата мора да биде дел од секојдневното функционирање, при што веќе се реализираат активности како снимање аудио книги. 

-Тоа се лица, кои што се секојдневно меѓу нас и за жал пробуваме се уште  како држава да ги инкорпорираме во целото општество, во сите процеси, да не се почувствуваат во ниту еден процес дека се отргнати на страна. Во рамките на библиотеката функционира и аудио-тонско студио, во кое што се снимаат аудио книгите. Тука имам супер соработка со Центарот за слепи и слабовидни лица на Република Македонија-рече Никчевски. 

Според професорката Ана Чучкова и музиокотерапевтот, Томислав Таневски во споредба со останатие држави инклузивноста на лицата со посебни потреби е на ниско ниво во нашата држава.

-Намалување на стравот од некој неуспех во работата со нив, намалување на предрасудите што ги имаат и се разбира континуирани едукации на вработените на кадарот, сето тоа чекор по чекор води кон запознавање на тие дечиња, а со самото тоа и до доближување на библиотеките-рече Чучкова. 

 -Јас денеска ќе презентирам како работат во западните држави, како овде. Да зборувам како музиката е мост со библиотеките и со инклузијата на лицата со посебни потреби- изјави Таневски.

Организаторите очекуваат ваквите обуки да придонесат за подобра комуникација со лицата со попреченост и за унапредување на секојдневното функционирање на библиотеките во земјата.