Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности

Во периодот јануари – март годинава во државава запишани се  2 472…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот јануари – март годинава во државава запишани се  2 472 хипотеки врз недвижностите  со вкупна вредност од 246.365.356 евра и 5.923.616.828 денари. 

Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во јануари се запишани 619 хипотеки, во февруари 849, а во март 1004. 

Во Центарот за катастар на недвижности Скопје во првиот квартал годинава се запишани 1318 хипотеки во вредност од 125 707 841 евра и 3 217 079 946 денари.  Во истиот период, во 29-те подрачни одделенија на Катастарот се запишани 1154 хипотеки со вредност од 256 364 356 евра и 5 923 616 828 денари. 

Реклама

Вкупниот број на хипотеки на недвижности во првиот квартал годинава е помал за 124 во однос на првиот квартал од 2025 година кога нивниот број изнесува 2.596, а биле со вкупна вредност од 384.969.557 евра и 4.929.828.022 денари. Намалувањето на бројот на хипотеки во однос на претходниот квартал, односно периодот октомври – декември 2025 година, изнесува 588.  Во последниот квартал лани се запишани 3060 хипотеки со вкупна вредност од 511.397.387 евра и
8 401.072.019 денари.

Во регистарот на цени и закупнини во првите три месеци од годинава регистрирани се 712 новоизградени стана, односно станови од инвеститор, што е за 292 стана или 29 проценти помалку во споредба со  четвртиот квартал од минатата година. Во Агенцијата за катастар на недвижностите досега се запишани 28.013 листа за предбележување градба, што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и набргу ќе се најдат на пазарот на недвижности.