Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Во понеделник Струмица ќе биде блокирaна од производителите на домат

Расте револтот кај производителите на домати во струмичко. Веќе втор ден со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте револтот кај производителите на домати во струмичко. Веќе втор ден со протести и блокади  бараат повисока откупна цена за македонскиот домат, кој во моментот достигна катастрофална цена од 20 до 25 денари за килограм. Денеска со трактори и друга земјоделска механизација го блокираа локалниот пат од Струмица до Пиперево, село кое важи за најголем производител на домати во државата.

   „Никој не мисли за нас. Немаме ни мајка ни татко, оставени сме така, како сирачиња. Оваа цена воопшто не ни одговара. Пред половина век, доматите беа со цена од 20 до 25денари, кога репроматрејалите беа евтини. А сега ем скапи репроматрејали, ем ниски откупни цени„ реагира земјоделецот Васе Соколов.

 Иако немаме влада, државата има институции кои треба да се грижат за земјоделците, реагираат тие. За решавање на проблемот со откупната цена, дадоа рок од два дена, во спротивно за во понеделник најавија масовен протест и блокирање на Струмица.

Реклама

   „Во рок од два дена ако не се реши проблемот, ќе ја блокираме Струмица. Бараме рентабилна цена од 35денари за килограм и да се блокира албанскиот домат, односно увозот„ изјави земјоделецот Христијан Спасов.

Производителите на раноградинарски производи, поддршка добија и од Националната мрежа на земјоделци, од каде побараа да се стави ред во увозот на домати, посебно на оној од Албанија .

  „Оние трговци кои дивеат со цените го злоупотребуват трудот на земјоделците мора да се стават под контрола, а истовремено и неконтролираниот увоз од надвор„ рече Ѓорги Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци.

Изминативе неколку денови земјоделците од струмичко организираа серија протести. Претходно протестираа и производителите на компир од селата Иловица и Штука. Сите имт исти барања, повисока откупна цена за нивните производи.

Александра Ристевска