Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Во ОУ „Гоце Делчев“ во Илинден се доградува нов објект, концептот за едносменска настава го прифаќаат сé повеќе општини во Македонија

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден се доградува нов објект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден се доградува нов објект со 10 училници кој ќе овозможи да се воведе едносменска настава, концепт кој го промовира Владата, а го прифаќаат сé поголем број општини во државата. Увид во градежните работи денес извршија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Александар Георгиевски.

-Честитки до општината за оваа инвестиција што ќе овозможи реализација на настава во една смена и продолжен престој, што пак е исклучително важно, затоа што придобивките се повеќекратни – децата се поконцентрирани кога одат во една смена наутро и повеќе се социјализираат. Преку повеќе изборни и воннаставни активности се фокусираат на тоа што сакаат да го учат и најважно е што се задржуваат подолго на училиште. Ќе потсетам дека нашите ученици имаат 900 часови помалку до 15 годишна возраст во споредба со врсниците во Европа. И секако, со наставата во една смена се намалуваат трошоците за работа на училиштата, рече Јаневска.

Нагласи дека минатата учебна година концептот на едносменско работење го прифатија 150 училишта, додека во оваа учебна година таа бројка надминува 200. Со нови инвестиции во зголемување на училишните капацитети на постојни училишта, како што кажа, концептот ќе продолжи да се проширува.

Реклама

-Многу скоро ќе започнат доградби и во повеќе други училишта, финансирани од Владата. Имаме поширок план и во текот на мандатот целосно ќе се заокружи. Само во моментов имаме 30 активни градежни инвестиции како министерство, во вредност од 16 милиони евра, додаде Јаневска.

Објектот кој се гради во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Илинден и ќе се поврзе со постојниот е со површина од 910 квадратни метри. На два ката ќе има 10 училници, 4 тоалети, дополнителни 2 тоалети за ученици со посебни потреби, една наставничка канцеларија и лифт. Вредноста на инвестиција 50,4 милиони денари.