Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Во Општина Маврово и Ростуше минатата година исплатен еднократен паричен надоместок за 21 новороденче

Во општина Маврово и Ростуше минатата година исплатен е еднократен паричен надоместок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општина Маврово и Ростуше минатата година исплатен е еднократен паричен надоместок за 21 новороденче, што е за 3 помалку од претходната година.

-Во текот на минатата година, доделивме 21 ваучер, односно еднократен паричен надоместок, наспроти 24 во 2024 година. Надоместокот е во износ од 9 илјади денари. Во првиот месец од годинава, до денес, сè уште немаме новороденче, изјави Букурија Беќири, раководител на одделението за човечки ресурси во општината. 

Бебешки бонус општината доделува врз основа на едногласно донесената одлука на Советот на општината, во 2018 година, во рамки на Програмата за здравствена, социјална и детска заштита и до сега ова право е исплатено за 240 бебиња.

Реклама

– Ваучери за новороденчиња ќе доделуваме и годинава, што е деветта година по ред. Да потсетам на она што е веќе познато. Ова право се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово и Ростуше, но не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај а живеат и работат во странство или во друга општина во државава, додава Беќири.

Општината неколку години по ред доделува и еднократна помош  за сите првачиња во износ по 6 илјади денари, како и по 10 илјади денари за секој редовен но и вонреден студент, доколку е невработен. Овие права ги оствариле 27 првачиња и 19 студенти. 

И кај корисниците на овие права забележан е помал број. Тоа секако се должи на миграцијата на населението во западноевропските змеји, главно во Италија, Германија и Швајцарија, како и во други градови во нашата земја.