Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Охрид викендов 4. Македонски нуркачки конгрес

Во Организација на Клубот за подводни дејности од Охрид викендов ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Организација на Клубот за подводни дејности од Охрид викендов ќе се одржува 4. Македонски нуркачки конгрес со меѓународно присуство.

Собирот на нуркачите од земјата прерасна во традиција на годишни среќавања на сите нуркачи од државата, како активност што придонесува за промоција на македонското нуркање низ светот.

Како што соопшти Горан Балевски од Kлубот за подводни дејности „Охрид“, претходните три собири биле одлично примени кај нуркачите, со интересни теми и дискусии, нуркање и дружења после нуркањата.

Реклама

Тој истакнува дека за овој Конгрес избрани се теми од различна проблематика, а ќе има и посебни презентации како нуркањето на Ахмед Габр, презентација од подводниот дрон фифиш и други интересни теми.

-Секој нуркач имаше право да пријави своја презентација, интересно нуркање, проблеми во нуркањето, презентација на нова опрема, ребридери, презентации на нуркања во странство, длабински нуркања, нуркања на интересни локација низ морињата и океаните. На конгресот ќе бидат поканети претставници на еколошки здруженија, Капетанија, спортски федерации и сојузи. Свои излагања пред учесниците ќе имаат и претседателот на Сојузот за подводни активности на Македонија, Периклија Бешка, како и Никола Исаилоски. Како посебни гости со свои презентации се поканети нуркачките тимови на МВР и на АРМ, информира Балевски.

Според Балевски, Конгресот има една единствена цел дружење, размена на искуства, унапредување на нуркачкиот спорт во земјава и зимско нуркање во Охридското Езеро.

-Терминот е намерно избран за крајот на декември пред Нова година и оваа година традиционално е поставување на елка на градското пристаниште со заедничко нуркање во недела, 28 декември. Охрид и Охридското Езеро ќе живеат овие два дена за сите нуркачи од Македонија и регионот, додава Балевски.

Оваа година собирот на нуркачите ќе биде посветен на прерано починатиот нуркач Дејан Костојчиноски.