Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

Во напредна фаза темелната реконструкција на месната заедница во Драчево

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на објектот на месната заедница во Драчево, кои веќе се во напредна фаза. Како што соопштуваат од Општината, сликата на терен се менува секојдневно, а објектот кој со години беше во лоша состојба забрзано го добива својот нов лик. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на објектот на месната заедница во Драчево, кои веќе се во напредна фаза.

Како што соопштуваат од Општината, сликата на терен се менува секојдневно, а објектот кој со години беше во лоша состојба забрзано го добива својот нов лик. Во овој момент, карабината и новата кровна конструкција се целосно завршени, додека градежните екипи интензивно работат на уредување на внатрешноста и изработка на новата фасада.

Темелната реконструкција опфаќа и комплетна замена на застарената електрична, водоводна и канализациона инсталација.

Реклама

Со целосната обнова на кровот и фасадата значително се унапредува енергетската ефикасност на објектот. За таа цел, греењето и ладењето ќе се одвиваат преку нови инвертер сплит системи, со што се гарантира економично и ефикасно функционирање на просторот во текот на целата година.

Внатрешноста се трансформира во целосно нов, функционален амбиент кој е суштински прилагоден на реалните потреби на граѓаните. Целта е Драчево да добие модерен, безбеден и квалитетен простор наменет за секојдневни средби, активности и локални услуги.

Оваа реконструкција се реализира со средства од Владината програма за капитални инвестиции, финансирана преку унгарскиот кредит. Тоа е директно вложување во инфраструктурата која им служи на граѓаните и јасна потврда за заложбата за рамномерен развој на сите населени места во општина Кисела Вода, стои во соопштението од Општина Кисела Вода.