Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани

Во март годинава се издадени 245 одобренија за градење, што е за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во март годинава се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26,6  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година – објави денеска Државниот завод за статистика. 

Најмногу одобренија за градење, 148, се за високоградба. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење – 62 по што следуваат Скопскиот со 51, Југозападниот – 37, Југоисточниот – 34, Источниот – 24, Пелагонискиот -15 и Североисточниот – 3. За изградба се предвидени 618 стана, од кои 317 во Скопскиот Регион, 143 во Југозападниот, 76 во Југоисточниот…

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  24.574.417.000 денари, што е за 21,9 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период се издадени одобренија за градба на ветерни паркови за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 128 MW на територијата на општините Штип, Радовиш и Карбинци, кои се со голема вредност.

Реклама

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 148 (60,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12,7 проценти) од нискоградба и 66 (26,9 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 245 објекти, на 136 (55,5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109 (44,5 проценти) деловни субјекти. Предвидените 618 стана се со вкупна корисна површина од 53.718 квадратни метри.