Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде отворена изложба „Лица“ на скулпторот Ангел Коруновски

Во Македонскиот културно – информативен центар во Белград вечерва ќе биде претставена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонскиот културно – информативен центар во Белград вечерва ќе биде претставена самостојната изложба на скулпторот Ангел Коруновски насловена „Лица“. Серијата платна и скулптури кои Коруновски ги изложува пред белградската публика е уметниковото видување на незабележителните лица на глобализацијата – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет.

Изложбата е реализирана во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје, а во рамките на проектот за патувачки изложби „МузеумЛинк“ под кураторство на Јасминка Намичева – кустос советник. Претставувањето пред белградската публика е благодарение на подршката од МКИЦ Белград и Министерството за култура и туризам. Изложбата што ќе трае до 30 март ќе ја отворат директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров и Јасминка Намичева.

Коруновски преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, во овие дела го визуелизира човечкото присуство кое постои под површината на модерната бучава. Секој портрет произлегува од слоеви на искинати весници – фрагменти од масовни медиуми кои го претставуваат огромниот тек на глобални информации. Самите материјали, некогаш носители на јавна вистина, се пренаменети во интимни, лични наративи. 

Реклама

 Експресивните ознаки и дамки стануваат траги од емоции, отпор и преживување во рамките на системи кои постојано ја бришат индивидуалноста. Лицата се нецелосни, фрагментирани и делумно замаглени – отсликувајќи ја состојбата на оние кои се борат да останат видливи во свет кој ја мери вредноста преку потрошувачка и конформизам.

 Во оваа тензија помеѓу препознавањето и исчезнувањето, делата го поставуваат прашањето што значи да се биде човек во ера во која идентитетот е посредуван од моќ, економија и спектакл. На крајот на краиштата, овие дела се чин на емпатија и бунт – визуелно сведоштво за луѓе кои искрено се обидуваат да живеат, да останат луѓе, среде корупција и хаос. 

Тие стојат како сведоци на тивко достоинство, потсетувајќи нè дека зад секој фрагмент од вестите и зад секој глобален наратив, постои вистинско лице, вистински живот и невидена вистина под површината на модерната бучава.