Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Во Македонија се регистрирани околу 5.600 локалитети, од кои само 5% се делумно истражени

Редок примерок на фигурина на Големата Мајка кај Тумба Маџари и стотици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редок примерок на фигурина на Големата Мајка кај Тумба Маџари и стотици златни и сребрени артефакти во стршко Корошишта. Ова се главните археолошки пронајдоци кои ја одбележаа 2024-та.

Фигурината е стара дури 10 илјади години и е редок примерок без никакви оштетувања. Беше откопана на локалитетот во близина на Скопје каде веќе четири децении траат археолошките истражувања. Од Археолошкиот музеј на Македонија објаснуваат дека ова епохално откритие повторно го виде светлото на денот зашто на терен се користеле најсовремени методи со геомагнетни снимања.

Историски момент за македонската, балканската и светската археологија беше отркивањето на над 100 артефакти – шлемови, делови од оружје, накит. Нивата во струшкото село во себе криеала архајска гробница стара 2.600 години. Во неа било погребан висок достоинственик.

Реклама

Овој локалитетот е случајно откриен при земјоделски работи од страна на локалец кој случајот го пријавил во Охридскиот завод и музеј од каде потоа заедно со Археолошкиот музеј го реализирале истражувањето. Златните и сребрени пронајдоци ќе бидат подлегнати на конзервација за потоа бидат изложени.

На територија на Македонија до сега се регистрирани околу 5.600 локалитети од кои само 5% се делумно истражени. Тумба Маџари, Скупи, Хераклеа, Баргала, Била Зора, Стибера, Вардарски Рид, Стоби се само дел од археолошкото наследство кое се го имаме, но многу поголем дел е на локации за кој јавноста воопшто и не чула и каде не е ни започнато да се истражува.

Најголемиот дел од артефактите се наоѓаат во Археолошкиот музеј на Македонија каде има  поставки од предисторијата па се до средниот век. Пронајдоците се достапни за јавноста, но бројот на посетители од година во година е се помал.

Даниел Ѓорѓевски