Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Во Македонија постои само МАНУ: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи финансирање на Албанската академија на науки

Во Македонија има само една Академија на науките и уметностите, ВМРО-ДПМНЕ нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија има само една Академија на науките и уметностите, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи финансирање на никаква паралелна институција, порача премиерот. Советниците од владејачката партија во општините чии градоначалници најавија поддршка за вакво нешто, ќе ги блокираат буџетите за следната година. Христијан Мицкоски вели дека станувало збор за обично невладино здружение. Вели дека не сака да говори за теми кои поларизираат и етнизираат и жали што истите се одбираат во политички цели.

-Во Македонија постои една Академија на науките и уметностите. Јас не би сакал да парите на граѓаните да се трошат за невладини организации, повеќе би сакал да видам да се трошат за инфраструктурни проекти, за нови училишта, за нови градинки, за нови булевари, спортски објекти, паркови, да креираме услови оние млади кои што ја напуштија и Албанци и Македонци и останати нашата држава, да се вратат назад, изјави Мицкоски.

Категорично против е и лидерот на опозицијата Венко Филипче. Според него ова е тенденциозна политичка порака, која служи единствени на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета на граѓаните и општеството.

Реклама

Против ќе гласаат и советниците на СДСМ. Од таму велат дека се против поделби во науката и категорично ќе се спротистават на ваквите идеи, кои се промовираат и туркаат.

-Оваа идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, од причина што МАНУ е и треба да остане институција, во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Науката ниту треба да се партизира, ниту да се етнизира и злоупотребува во дневнополитички цели и потреби. СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите, изјави пратеникот Митко Трајчулески.

Градоначалницте на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир информираа дека договориле да ја финансираат оваа невладина организација која сами си ја нарекоа Академија за наука и уметност на Албанците во Македонија, додека таа не добиела и државна поддршка.

Инаку, Академија на науки може да се формира само од Собранието или Владата, а за мешовита научна установа на ниво на општиони треба бадентерово мнозинство во советите, кое ќе го нема со оглед на тоа што против ќе гласаат македонските партии.

Матеја Петровски