Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Во Куманово ќе се градат три сквера, обезбедени се 9, 5 милиони денари

Во Куманово на три места ќе се градат урбани скверови, информираа надлежните. На последната седница на Советот со ребалансот на буџетот беа одвоени 9, 5 милиони денари за уредување на овие простори. – Едниот се наоѓа на големиот градски плоштад, поранешен угостителски објекти, вториот спроти Комитет, исто така поранешен угостителски објект и уште еден кај […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Куманово на три места ќе се градат урбани скверови, информираа надлежните. На последната седница на Советот со ребалансот на буџетот беа одвоени 9, 5 милиони денари за уредување на овие простори.

– Едниот се наоѓа на големиот градски плоштад, поранешен угостителски објекти, вториот спроти Комитет, исто така поранешен угостителски објект и уште еден кај „11 Октомври“- изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Претходно на овие локации, секторот за инспекциски надзор издаде решенија за отстранување на урбаната опрема на угостителските објекти.

Реклама

Во тој период имаше налог за отстранување на четири објекти во централното подрачје. Според деталниот урбанистички план, на овие локации не е предвидена изградба на паркинг-простор, туку партерно уредување.

На локациите како што објаснија од секторот за комунални дејности ќе се постават урбана опрема, осветлување, детски реквизити, зеленило, скулптури.