Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Во Крушево 34 литри дожд на метар квадратен во изминатите 24 часа

Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3,  и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Изутринава во Лазарополе се измерени 4 степени, Берово и Попова Шапка, 5, Mаврови Анови и Крива Паланка, 6, Битола и Kрушево, 9, Тетово и Демир Капија,10, Претор, Струмица, Прилеп и Охрид, 11, Виница, Куманово, Штип и Кавадарци, 12, Скопје-Зајчев Рид и Велес, 13, Гевгелија, 18.   

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 31 степен.

Реклама

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 28 степени.