Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Во Крива Паланка се одржа работилница за правилно одржување зелени површини 

Правилен избор на растенија, подготовка на садници и одржување урбани зелени површини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правилен избор на растенија, подготовка на садници и одржување урбани зелени површини беа темите на денешната работилница што се одржа во просториите на Општина Крива Паланка во модераторство на организацијата „Рефорд”. 

-На работилницата присуствуваа вработените од Секторот паркови и зеленило при јавното претпријатие „Комуналец” кои директно се запознаа со правилно одржување на садници и зеленило, заштита на дрвцата, отстранување на оштетени делови, начини на прихрана и наводнување, а се дискутираше и за предизвиците со кои се соочуваат службите на терен, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Експерти и професори од Шумарскиот факултет во Скопје одржаа стручна презентација и изведоа теренска посета во паркот на градскиот плоштад, каде заедно со вработените во посетија паркот изграден во рамки на проектот ПАРКС – Зачувување на областите преку регионално знаење и одржливост, што Крива Паланка го реализира преку ИПА  програмата за прекугранична соработка со општина Дупница, Република Бугарија.

Реклама

Од општината нагласија дека во рамки на проектот е изработен и тријазичен прирачник за одржување урбано зеленило што се планира да биде промовиран во наредниот квартал, заедно со завршните активности и организација на „Зелени денови“ од двете страни од границата.