Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Во Крива Паланка отворена изложбата „Патот на стомната до изворот”

Вкупно 35 грнчарски предмети изработени од млади основци од Крива Паланка со проектот „Патот на стомната до изворот” на  Градски музеј Крива Паланка, од денеска се изложени во музејот и достапни за јавноста. -Станува збор за изложба на дела изработени од вештите раце на креативните млади ученици од ООУ “Илинден”, Крива Паланка, кои ги усвојуваат […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 35 грнчарски предмети изработени од млади основци од Крива Паланка со проектот „Патот на стомната до изворот” на  Градски музеј Крива Паланка, од денеска се изложени во музејот и достапни за јавноста.

-Станува збор за изложба на дела изработени од вештите раце на креативните млади ученици од ООУ “Илинден”, Крива Паланка, кои ги усвојуваат техниките за изработка и креираа грнчарски предмети на тридневна работилница во мај, под менторство на Пепица Јаначковска Стојчевска, ликовен педагог, информира Наталија Милковска, кустос етнолог во музејот, која исто така ги водеше и менторираше учениците на работилницата.

Милковска нагласи дека изложбата ќе биде достапна за сите граѓани во претстојниот период, како сведоштво и потсетник дека културното наследство живее тогаш кога го пренесуваме на младите генерации.