Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Кочани одбележан светскиот ден на волонтерството

Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани на мала  свеченост што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани на мала  свеченост што се одржа денеска во кафе-бар „Амор“ го одбележа Светскиот ден на волонтерството.

На волонтерите им беа доделени благодарници и беџови за покажана хуманост, солидарност и грижа за заедницата, особено на волонтерите вклучени во справувањето со трагедијата од 16 март, како и благодарници за вклучување во активностите на Црвен крст Кочани.

Претседателот на кочанската Општинска организација на Црвениот крст, Дејан Арсов во својот говор рече дека признанијата се даваат на луѓето-волонтери кои несебично го даваат своето време, знаење и енергија за доброто на другите и за напредокот на заедницата.

Реклама

Светскиот ден на волонтерите се одбележува секоја година, како можност да им се каже благодарам на сите волонтери за својот труд, ангажман и посветеност за добробит на заедницата.