Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Кавадарци академија и концерт во чест на Никола Бадев 

Свечена академија и концерт во чест на Никола Бадев и одбележување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Свечена академија и концерт во чест на Никола Бадев и одбележување на 50 години од неговата смрт, се реализираа синоќа во Кавадарци. Академијата беше во Куќата на мирис и вкус што работи во склоп на Музеј – галеријата, а концертот во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“.

За животот и делото на Бадев говореше Ангела Симонова, кустос етнолог во Музејот. Тој бил роден во село Глишиќ, сега приградска населба на Кавадарци.

– Во текот на неговата долга и успешна музичка кариера имал снимено повеќе од 400 песни и голем број грамофонски плочи, а реализирал голем број на концерти и турнеи во Југославија, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и така натаму. Никола Бадев е исклучителна појава помеѓу големиот број на исполнители на македонски народни песни, но, никој како него не го долови вистинскиот дух и мелос на македонската изворна народна песна – рече Симонова.

Реклама

Томе Крстевски, виш кустос етнолог, потсети дека на 26 октомври 2018 година кога се навршија 100 години од раѓањето на Бадев, во Музејот на мирис и вкус беше свечено отворена спомен соба посветена на овој великан. Во собата се експонирани лични предмети на Бадев, фотографии од неговите турнеи низ целиот свет, плочи, народни инструменти, награди и биста на Бадев во природна големина, изработена од неговата внука Елена Рафајловска.

– На овој начин, нашиот град и нашиот Музеј му оддаваат почит на овој великан и неговото дело. Истовремено ја извршуваме нашата морална и професионална обврска, а тоа е заштита, промоција и афирмација на нашето културно, уметничко, историско и духовно наследство. А, Никола Бадев е несомнено нераскинлив дел од нашето огромно материјално и нематеријално културно богатство, амбасадор на нашата прекрасна македонска народна музика низ целиот свет. Продолжуваме и понатаму со афирмација на нашиот великан и неговото дело пред посетители од сите страни на светот, но и пренесување континуирано на нашата историја на помладите генерации. Од мое лично име и од името на нашиот музеј, сакам да ја искористам оваа прилика и јавно да се заблагодарам на ќерките на Никола Бадев – Роска и Сузана, кои несебично ги донираа личните предмети на својот татко, на нашиот град и Музеј – подвлече Крстевски.

Пред присутните се обрати и претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов.

Вечерта беше збогатена со повеќе музички изведби во чест на Бадев.