Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Во ХЕ „Шпилје“ во првиот квартал произведени 109 гигават часови електрична енергија

Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, во периодот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, во периодот јануари-март произведени се 109 гигават часови електрична енергија, што претставува остварување од 42 отсто од  годишниот план.

Споредено со истиот период минатата година произведени се 60 гигават часови електрична енергија повеќе. 

-Резервите во акумулацијата „Дебарското Езеро“ во 2025 на 31 март биле 14 GWh, додека на 31 март годинава се 26 GWh, или непрекината работа за околу три недели. Од тоа може да се заклучи дека ланската година била една од најсушните, додека првото тромесечје од оваа година е едно од најповолните хидролошки периоди за ХЕ „Шпилје“, изјавија за МИА од ЕСМ.

Реклама

Според истиот извор, кога станува збор за просечната кота на Дебарското Езеро за месец март таа е 573,50 метри надморска височина, што е 5 метри над просекот за март. Вкупниот дотек од ХЕ „Глобочица“, односно Црн Дрим и локален слив од река Радика 61,50 кубни метри вода во секунда.

Хидроелектраната „Шпилје“, заедно со ХЕ „Глобочица“ го сочинуваат хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Црн Дрим“.

-Моменталната погонска состојба на Подружница ХЕС „Црн Дрим“ е се висока погонска спремност на двете хидроелектрани, со располагање на сите 5 Агрегати. Очекуваме дека повремените локални врнежи, како и топењето на снегот кој веќе започна од околните планини и ќе продолжи во наредниот период, нема да претставуваат никаков проблем за преработка преку хидроагрегатите, како и складирање на дел во акумулациите, кои ќе се користи во понатамошниот период од годината, посочуваат од ЕСМ.

Средното годишно производство на ХЕ „Шпилје“ е 275 GWh, a максимално годишно производство е забележано во 2010 година, кога беа произведени 519 GWh.