Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство

Македонски државјанин, по кој имало распишана европска потерница и баран од германските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонски државјанин, по кој имало распишана европска потерница и баран од германските власти за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж во февруари годинава во Германија, синоќа бил уапсен во Грција во обид да влезе кај јужниот сосед, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според документите од германските власти, како што пишува АНА-МПА, станува збор за 34-годишен маж од земјава, кој заедно со негови сонародници бил на деловно патување во мал град во сојузната покраина Хесен и престојувале во една од собите што ги издавал 81-годишниот.

Убиството било извршено на 9 февруари, кога сторителите ја врзале жртвата, му ја затвориле устата и украле пари од неговиот дом, а 81-годишниот починал од задушување.

Реклама

Мажот по кој била распишана европска потерница бил уапсен синоќа на граничниот премин Евзони во обид да влезе на грчка територија.

По апсењето, 34-годишниот ќе биде изведен пред јавен обвинител во Солун за да започне постапката за негова екстрадиција во Германија.