Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

„Во фокус„:СДСМ и ДУИ останаа„доследни„ само во едно–барањето вина кај медиумите за своите пропусти

Ветуваа транспарентност и слобода кон медиумите, седнаа во удобните фотелји, заборавија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ветуваа транспарентност и слобода кон медиумите, седнаа во удобните фотелји, заборавија на почитта кон седмата сила. Иронија, потсмев, дрскост, нервозни одговори, игнорирање на медиуми – вака може да се опише односот кон новинарите во седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ. Се сменија тројца премиери, дел од министрите, но темпераментот остана ист. Прв почна Зоран Заев кој во 2015 година дел од националните телевизии ги прогласи за непријатели на социјалдемократите.

Поголеми непријатели за нас се Сител, Алфа, Канал 5, Дневник, МРТВ – рече Заев на 1 декември, 2015 година.

Заев не успеа да скрие дека болна точка му е Алфа телевизија. Единствениот медиум кој е критички настроен и покрај сите притисоци од власта.Тој никогаш не прифати да гостува во Алфа телевизија. Имаше моменти кога дрско одбиваше, па дури и прејудицираше дека телевизијата била под некаква истрага. Иако во тоа време, ниту нашиот медиум ниту институциите немаа информации за предистрага или истрага.

Реклама

Посебно во моментот каде што според мене се прави сериозна истрага. Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто, изјави тогаш Заев.

Имаше и една скандалозна изјава што ретко кој ја заборавил.

Нема да дозволам, неколку криминалци, еден да ми извини ЛГБТ заедницата педер и еден суетен новинар да ја срушат владата – рече Заев на 13 август, 2019 година.

Неговиот пример го следеше и Димитар Ковачевски. Етикетираше медиуми, исмејуваше новинарски прашања, а веднаш откако му заврши мандатот во политичката влада, рече дека медиумите евтино се продале како биткоини.

МРТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето“, одговори Ковачевски на 08.02.2024.

Во државата има медиум чија што уредувачка политика повеќе наликува на компанија која тргува со енергенси, а има и медиум чија што улога повеќе личи на партиски сектор за комуникации, изјави во една прилика Ковачевски.

Алфа, а во поново време и Телма дефинитивно им се трн во око и на интегративците. Али Ахмети јавно ги  прогласи за непријатели на Албанците во државава.

Алфа, Телма – мелма. Тие се непријатели на Албанците – рече Али Ахмети.

И односот на министрите не е нешто поразличен. Некој се меша во работата на уредниците, друг нема енергија за губење, трет бега додека се поставува прашањето.

Не верувам дека вашите уредници се информирани за тоа што се случувало внатре во партијата – рече Бектеши, и нервозно додаде дека не мора секој ден да одговара на исти прашања.

Се знаат вашите етикети и намери – и се обрати министерот за земјоделство на новинарката на Алфа ТВ. По што таа праша: „А какви се нашите етикети и намери?“

Немам потреба да губам енергија – налутено одговори Љупчо Николовски.

Јас би сакала да разговарам со вашиот газда, но не знам кој е – рече во една прилика поранешната министерка Радмила Шеќеринска.

Ветувањата за почит кон медиумите останаа неостварени бидејќи очигледно на политичарите,  главни адути во одбраната им се иронијата и потсмевањето.