Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Економија

Во февруари 244 одобренија за градење, 173 се за високоградба, предвидени 309 станови

Во февруари годинава издадени се 244 одобренија за градење, што е за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во февруари годинава издадени се 244 одобренија за градење, што е за 10.3 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Најголемиот дел од одобренијата, 173 се за високоградба, а предвидена е изградба на 309 станови, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. 

Најголем број одобренија се изадени во Полошкиот Регион, 84, по што следуваат Скопскиот со 57, Југоисточниот, 33, Источниот Регион, 21, ….

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  14. 476.578.000 денари, што е за 195.4 повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на ветерен парк за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 132 MW на територија на општините Штип, Радовиш и Карбинци.

Реклама

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 173 (70.9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 25 (10.2 проценти) од нискоградба и 46 (18.9 проценти) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 309 станови со вкупна корисна површина од  36 919 метри квадратни. Во Скопскиот регион ќе се градат 138 станови, во Полошкиоот регион 83, во Југоисточниот, 28, во Југозападниот Регон, 27,…

Од вкупно  244 објекти, на 174 (71.3  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (28.7  проценти) инвеститори се деловни субјекти.

 Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 проценти на квартално – покажува индексот на цени на недвижности, што го објавува Народната банка врз основа на податоци што се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град. Минатата година во првиот квартал становите забележаа годишно поскапување за 19,5 проценти, во вториот за 19,9 проценти, во третиот од 25,1 проценти, а во четвртиот од 25 проценти. 

Агенцијата за катастар на недвижностите во извештајот од регистарот на цени и закупнини на пазарот на недвижностите за 2025 година наведе дека за годинава се прогнозира умерен раст на пазарот на недвижностите во државава со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи.