Општина Демир Хисар во соработка со Државниот архив промовираа изложба со наслов „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, која од денес е поставена во тамошниот Дом на културата „Илинден“.

Со избор на автентични архивски документи и фотографии од фондовите и збирките на Државниот архив, изложбата го претставува историското значење на Првото заседание на АСНОМ и настаните кои ги поставија темелите на современата македонска државност.
Посетителите имаат можност да се запознаат со значајни историски документи и фотографии кои сведочат за стремежот на македонскиот народ за самоопределување и за остварувањето на неговата суверена волја, соопштија од Општина Демир Хисар.

