Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Во демантот до Мицкоски, Ахмети индиректно призна дека во ДУИ веројатно се готви план за есенски протести

Демократската унија за интеграција индиректно призна дека веројтано наесен планира да организира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократската унија за интеграција индиректно призна дека веројтано наесен планира да организира протести преку кои ќе се бори против наводното понижување на Албанците. По предупредувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека партијата на Али Ахмети може да предизвика дестабилизација и загрозување на суверенитетот, интегративците со свое видување – тие го имале легитимитетот да го бранат интересот на албанскиот народ во македонија. сепак, се оградуваат и велат дека се што ќе преземеле ќе било со демократски мерки и средства.

Според експертите, изјавата на Мицкоски е показател дека контраразузнавачките и безбедносни служби имаат дојава дека нешто големо се спрема, а не ја исклучуваат можноста, ДУИ да добие поддршка од Косово, како што било случај и во минатото. Токму ова, може да претставува потенцијална безбедносна закана.

Во однос на можното загрозување на територијалниот интегритет, упатените сметаат дека како членка на НАТО шансите да се случи тоа се многу мали, но затоа наративот на ДУИ би одел во насока на барање на федерализација, што значи директно повикување на нарушување на уставниот поредок.

Реклама

Нашите безбедносни служби имаат информации. Со самата изјава, значи дека контраразузнавачите и безбедносните служби имаат дојава дека нешто се случува. Протестите веќе се најавени, да повикаат на промена на парламентарното мнозинство, или можеби само обид за повторно факторизирање на политичката сцена на ДУИ, тие се навикнати да бидат еден од главните фактори, последните години беа одлучувачки фактор, ова одење во опозиција не им одговара, и сакаат со излитени работи и чекори да го добијат медиумскиот простор. Истите наративи на обесправеност на Албанците, дефакторизација. ДУИ секогаш имаат поддршка од странство. Тоа не е некоја тајна. Се знае дека од Косово доаѓаат за поддршка за избори, па така и за протестите. Во однос на пораките, треба да се внимава кој наратив ќе го користи ДУИ. Не се работи за загрозување на територијалниот интегритет бидејќи е тешко како членка на НАТО да се загрози, повеќе наративот може да оди во насока на барање на федерализација, повикување на промена на уставниот оредок што е самото по себе повикување на нарушување на уставниот поредок, вели професорот по безбедност, Александар Нацев.

Очекувањата на аналитичарите се дека безбедносните и разузнавачки служби навремено ќе реагираат, со што ќе се спречи ескалација и политичка криза. Изјавата на Мицкоски ја коментираат и како подготвување на јавноста но и како предупредување за ДУИ дека ќе сносат одговорност.

Тоа се оперативни и разузнавачки информации кои ги има како такви. Тој ја подготвува јавноста но истовремено им дава предупредување дека може да сносат одговорност. Кога има такви оперативни информации, тенденцијата е дека службите кои работтат во интерес на државата се подготвни, вели аналитичарот Александар Ристевски.

Мицкоски на вчерашната заедничка прес-конференција со колегата од Косово соопшти и дека во моментов се води истрага и институциите се на готовс. Тој не ја исклучи можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани и да создадат меѓутеничка криза. Бидејќи во моментов се истражува, тој не откри детали за какви протести станува збор и на кои групи мисли, дали од дома или од соседството, но порача дека институциите будно го следат делувањето на опозициската партија.