Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Во Дебар по крстот скокаа три дечиња, најсреќен Дамјан Стефановски

Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение во дебарската деветтолетка „Пенестија“, кој го фати светиот крст положен во водата на базенот, што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“ каде се наоѓа и седиштето на дебарската парохија.

По светиот крст заедно со Дамјан скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на Дамјан кому радоста му се читаше на насмеаното детско лице. 

-Бог се јави. Многу сум радосен. Посакувам здравје и среќа за сите, рече малиот Дамјан.

Реклама

Него освен годинашните кумови, Лилјана и Роберт Михајловски,  соодветно го даруваа и верниците. Кумството за до година го презеде семејството на Теофан Ангеловски од Дебар.

Пред положувањето на светиот крст, намесникот на дебарската парохија Миле Ангеловски отслужи света златоустова литургија на која присуствуваа и дебрани, кои денес живеат во други градови во земјава, кои си го честитаа празникот со желби и молби до Бога за здравје и благосостојба.

Големиот христијански празник Богојавление-Водици се одбележува и во населените места во поширокиот дебарски регион, каде  по повод Водици дојдени се поранешни жители и нивните потомци и ги заживеаја селата.  Посебно по празнувањето се препознатливи селата Битуше, како и Горенци, Гари и Долно Мелничани.