Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Во Бутел отворен спортско-рекреативен центар „Бранители“ – Општината доби нов лик

Бутел доби голем спортско-рекреативен центар. Градоначалникот Дарко Костовски, заедно со премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бутел доби голем спортско-рекреативен центар. Градоначалникот Дарко Костовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски го отворија комплексот. „Ова е уште еден спортско-рекреативен центар кој е изграден во изминатиов период“, вели Ристовски и најави дека негова заложба ќе биде изградба и на други вакви спортско-рекреативни центри кои ќе бидат ставени на располагање на граѓаните.

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и пратеничката Каролина Насковска денеска во населеното место Љуботенски пат свечено го отворија новиот спортско-рекреативен центар „Бранители“.

„Ова е место на кое во минатото пораснаа многу генерации но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија. Спортско рекреативниот центар “Бранители” се протега на повеќе од 2.600 м2 површина и има повеќе содржини – ново модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова челична ограда и ново лед осветлување, ново баскет игралиште со специјална подлога, нов парк и нови зелени површини, нови пешачки патеки, нова урбана опрема како и ново лед осветлување“ – информираше министерот Борко Ристовски.