Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Во битолско Трново се одржа 53-тата Семакедонска иселеничка средба  и 44-тата Погранична средба на Македонците од Егејска Македонија

„Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител и единствен заеднички содржател. Со Mакедонија не’ има, без Mакедонија сите заедно ќе не’ снема“. Ова е главната порака која денеска, на големиот Илинден беше испратена од традиционалната 53-тата Семакедонска иселеничка средба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потппелистерското село Трново.

„Новава постава, мислам дека би било добро да најде соодветен начин, цивилизиран и демократски за да ги коригира тие направени пропусти од други постари политички и државни за да навистина не бидеме преседан во светот, туку да се однесуваме како сите други кои имаат своја држава и имаат свопи гражани надвор од границите на таа држава…И на овој план тоа е особено важно зашто ткивото македонско се’ поинтензивно се раслечленува, се раздвојува“, – посочи академик Катица Ќулафкова.

„Од оваа средба пораките до власта се итно и безусловно, еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 год., и итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Димитров- Коѕијас од 17 јуни 2018 год. чија единствена цел е промена на името на државата и оваа држава да остане територија без македонски народ и историја“ – истакна Тодор Петров од СМК.

Реклама

И за еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Егејска Македонија, отец Никодим Царкњас, она што го прваи Грција во однос на Македонија никогаш не било и не е демократија.

„Јас ја почитувам Грција, живеам таму, ама Грција, национализмот и фанатизмот, го нема заборавено…Грција, за жал, има големо влијание во Европа, ама Европа има голема грешка направено, според моето мислење, и Грција не требаше да биде член на Европа, требаше да чека уште, како што чекаат Македонија и другите држави….Грција не е за Европа. Не може една национална, фанатична држава која се залага за такви работи, да биде членка на Европа“, – вели архимандритот Никодим Царкњас.

  Доселениците пак, кои и година пристигнаа во голем број на овие Трновски средби, не можеа да си ги скријат емоциите, исто како што не можеле да си ги скријат ни своите корени,  велат тие.

„Доаѓаме од Канада, од Македонија потекнуваме, среќен празник на сите Македонци во цел свет..овие средби значат многу, колку и да сме далеку, значат многу…“ – ни рече иселеничка од Канада.

 „Јас сум 50 години во Канада, во Торонто и секоја година кога ќе дојдам овде со задоволство идам дека оваа држава е многу убава за нас Македонците и посакувам сите кои живеат надвор од Македонија да се враќаат тука оти со таа идеа ние ќе ја поткрепиме Македонија и ќе продолжме да ги чуваме нашите обичаи македонски, како Илинден и другите прослави“, – кажа друг иселеник од Канада.

Денешните средби, чии организатори се Матицата на иселениците од Македонија, Сојузот на здруженијата на Егејците од Егејска Македонија, како и Светскиот македонски конгрес, започнаа со богослужба во црквата, а завршија со богата општонародна веселба во црковниот двор.

Каролина Дурло