Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Во Битола презентиран финален експертски извештај за изградба гондола на Пелистер

Експерти од Словенија, Франција и Андора денеска во Битола презентираа финален извештај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Експерти од Словенија, Франција и Андора денеска во Битола презентираа финален извештај од Студијата наменета за изградба на гондола на планината Баба која ќе води до врвот Пелистер.

Во изјава за медиумите, експертот од Словенија Франц Фурлани истакна дека според планот Пелистер треба да биде центар за четири сезони и не само од национално, туку и со регионално значење затоа што има големи можности.

-Со нова туристичка инфраструктура, туристите ќе може да ужуваат во прекрасната природа која со проектот што го изработивме ќе биде недопрена. Студијата нуди одлични технички и економски можности кои треба да бидат поддржани од државата. Оваа инвестиција брзо ќе се врати и сега останува на Општина Битола да го искористи овој момент. Потенцијалот треба да се искористи затоа што тоа го потврдува студијата која предвидува почеток на гондолата од населеното место Цапари и прва пристапна станица кај местото викано Ловечка Куќа, а потоа до врвот Пелистер под антенскиот столб. Пелистер ќе може да се користи во сите четири годишни времиња, а на највисокиот дел ќе биде изградена платформа на ротација од 360 степени и ќе може да се гледа на сите страни на светот. Богатството на Пелистер ќе биде зачувано и цело во функција на туристите. Комплетниот проект чини околу 58 милиони евра, истакна Фурлани.

Реклама

На прес-конференцијата во Битола, градоначалникот Тони Коњановски посочи дека основната задача на локалната самоуправа е да се зачува природата и да се овозможи развој на туризмот на Пелистер.

-Сега сме во завршна фаза од студијата подготвена од експертски тим. Гондолата треба да овозможи четири сезонско живеење на националниот парк и тоа значи многу за националниот парк и за регионот. Нашата основна задача е да ја зачуваме природната околина, но и да овозможиме развој на туризмот во Пелагонија и регионот. Доколку Советот на Општина Битола одлучи да се продолжи со планската документација ќе треба да се обезбедат и финансиски средства за реализација на проектот, изјави Коњановски.

Проектот за изградба на гондола на Пелистер е иницијатива на Советот на Општина Битола, континуитет на претходниот и сегашниот советнички состав.