Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Во Битола ново издание на меѓународниот фестивал „Музика од светот“

Националната установа Центар за култура, на прес – конференција го промовира новото,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната установа Центар за култура, на прес – конференција го промовира новото, 18-то издание на меѓународниот фестивал „Музика од светот“.

Годинава во Битола ќе гостуваат и настапат, уметници од Грузија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Турција и од Македонија, најави Сашо Илковски, директор на установата.

-Фестивалот „Музика од светот“ ќе ја претвори Битола во вистински музички крстопат каде ќе се реализира средба на различни култури и традиции низ современ музички израз. Музиката не познава граници, јазици и бариери, наоротив, таа претставува универзален јазик што ги претставува луѓето уметници од повеќе европски земји – истакна директорот Илковски.

Реклама

Фестивалската програма ќе почне на 25 ноември со настап на Амира Медуњанин од Босна и Херцеговина, една од најпрепознатливите интерпретаторки на балканската музика, избор на селекторот Благојче Трајковски.

-За изборот на програмата конкурираа многу артисти од Европа и имаме комбинација која може да се сврсти и за следната година. Секој гостин има своја приказна и повод, а публиката ќе може да чуе многу новини низ осум програмски настани. Фестивалот „Музика од светот“ е сериозно збиднување во балканскиов простор и дава голем придонес во развојот на културата и уметноста – нагласи селекторот Трајковски.

За време на фестивалот „Музика од светот“ освен музичка програма, ќе се реализира и придружна програма која содржи две изложби, првата „Музика во слика и слика во музика“ чиј автор е Жаклина Николовска, а втората изложба е на тема „Бучава што создава идентитет“ од авторот Тошо Филиповски.