Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Македонија

Во Битола на ИФ за монодрама гостува италијанската актерка Каролин Пагани

Интернационалниот фестивал на монодрама, вечер во Битола ќе биде домаќин на италијанската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интернационалниот фестивал на монодрама, вечер во Битола ќе биде домаќин на италијанската актерка Каролин Пагани која ќе се натпреварува со монодрамата „Луксуз. Изгубена во страст“.

Монодрамата „Луксуз. Изгубена во страст“ е иронично, интензивно и визонерско шоу, но и наизменично остра комедија и поезија. Претставата е театарски крик против насилството од минатото и сегашноста, кој го враќа гласот и телото на жената.

Од НУ Центар за култура, домаќин и организатор на фестивалот информираат дека веднаш по настапот на актерката Пагани, во новопромовираната бар-сцена ќе настапи актерката Наира Једигајран од Ерменија, членка на Ерменски државен театар за пантомима, која на фестивалот во Битола се натпреварува со монодрамата „Внатре“.

Реклама

Паралелно со официјалната програма во тек е и дополнителната фестивалска програма во чии рамки денес напладне во битолскиот Офицерски дом работилница на тема „Љубов, лаги и осаменост“ ќе одржи Денис Денис, актер од Данска.