Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Во Битола мирен протест на слепи лица и лични асистенти на слепи лица

Слепи лица, лица со попреченост и нивните лични асистенти денеска во Битола…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Слепи лица, лица со попреченост и нивните лични асистенти денеска во Битола одржаа мирен протест и побараа од Министерството за труд и социјална политика на личните асистенти да им исплати две задоцнети плати и да ги продолжи договорите за нивниот ангажман за поддршка на слепите лица и други лица со попреченост.

Во изјава за медиумите, учесниците на протестот побараа законската услуга да се спроведува согласно законот без прекини како што тоа се случило и во текот на минатата година.

-Јас и мојот сопруг сме слепи лица и во овој период треба да се снаоѓаме. Многу е тешко да се живее без асистенти за лична асистенција кои веќе станаа дел од нашите семејства, постојано се во нашиот дом и ние не сакаме прекини во нивниот ангажман. Овој проблем мора да се реши, личните асистенти да бидат вработени, и да останат со нас слепите лица кои според членството во Сојузот на слепи лица во Битола се околу 270 на број, но ги има повеќе од 300, изјави Весна Софрониевска, слепо лица од Битола.

Реклама

Личните асистенти на слепи лица и лица со попреченост бараат исплата на надоместокот за два месеци и создавање услови за трајно вработување.

-Ние како лични асистенти на лица со посебни потреби, ангажирани преку Црвен крст и во координација со Министерството за труд и социјална политика, бараме итно постапување бидејќи втор месец сме без финансиски надоместок, а корисниците се без услуга. Нашата работа во оваа социјално чувствителна дејност ја извршуваме професионално, но сме без средства за основна егзистенција. Бараме потпишување на управните договори и реализација на истите, а очекуваме и трајно вработување за ваков ангажман. Ако не се реализиаат нашите барања ние ќе бараме друга работа затоа што два месеци ништо не ни се иаплаќа нам околу 40 лични асистенти на лица со попречености во Битола, изјави Светлана Ивановска Чулаковска, личен асистент на лице со попреченост.

Во изјава за медиумите, Сашка  Дојчиновска слепо лице од Битола побара решавање на настаниот проблем, но и поголема контрола од страна на институциите на процесот со утврдување на степенот на оштетеност на видот на слепите лица, бидејќи како што рече се случува лица со оштетен вид и со мал процент на оштетеност да добиваат лични асистенти, изјави Дојчиновска