Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Македонија

Во Битола градежна офанзива со раскопани улици- власта вели “ЌЕ“

Локалната  власт на Битола годинава се зафати со градежна офанзива, која на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалната  власт на Битола годинава се зафати со градежна офанзива, која на крајот од градежната сезона остави еден куп започнати, но недовршени проекти- што би рекле битолчани- ниту угоре, ниту удолу. Оваа состојба најмногу ја почуствуваа граѓаните каде што се реконструираат улиците.

-Има месеци ова. Копање, пак сите рабои, нови цефки, пак нови цефки и ова не знам. Со чизми дома одам, а ние направивме петиција  и со бравме потписи- рече еден тамошен жител. – Откако започнаа да ја  правате ктастрофа. Илјада пати ископаа и не знам кога ќе ја направат рече неговата сосетка. – Срамота, цела година ја прават и што ќе правиме, цела кал ни иди дома. Ова е болест- рече највозрасната тамошна жителка.

На оваа реагираше и опозицијата, сметајќи дека битолчани ова не го заслужуваат.

Реклама

-Ние се соочуваме со незавршени улици и неизградена канализација, водовод неизграден. Дури на една улица при поставување на коловоз, не се смена подземната инфраструктура- рече Пеце Милевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ во Битола.- Изледа како три години да спиеја и како да беа во зимски сон, па сега знаејќи дека за неполна година имаме избори, почнуваат со кочпање и со прикажување во јавноста дека нешто работат. Битолчани не заслужуваат по три години некој да почни да копа и да ги остави работите неколку месеци ископани- рече Габриела Илиевска од “Поинаку“.

Само проектот со најдолгата улица “Илинденска“ доволно говори сам за себе. Главен изведувач е струмички “Жикол“, а како подизведувачи се јавуваат еде куп фирми.

-Ни ја оставрија улицата пола не направена, а од зад мене гледате колкаво е ѓубриштето  и не го фатија. Тротоарите не ги пополнија и цели останаа со дупки, па не можеме да правиме ниту утовар, ниту растовар- рече менаџерка на веледрогерија.-  Се претераа доста изведувачи и подизведувачи, меѓутоа сега останавме ниту на небо н иту на земја- рече соседот.

Градоначалничката Петровска која сега е во изолација, претходно за забелешките на  граѓаните,  во една прилика рече дека изградбата на улицата е “машка работа“, а опозицијата и возврати преку перформанс со едно големо “ЌЕ“.

Петар Стефановски