Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Во Битола ќе се гради спомен-обележје за депортираните Евреи во 1943 година

Општина Битола донесе одлука и ја прифати донацијата од Еврејската заедница во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Битола донесе одлука и ја прифати донацијата од Еврејската заедница во Република Македонија за изградба на спомен-обележје за депортираните битолски Евреи за време на Втората светска војна.

Според проектот, спомен-обележјето ќе биде подигнато на Еврејските гробишта во Битола, каде што ќе биде поставена плоча со имињата на депортираните Евреи од овој град.

Иницијативата на Еврејската заедница во Република Македонија за подигање спомен-обележје на Еврејските гробишта во Битола е во согласност со законот за меморијални споменици и спомен-обележја и во согласност со насоките од Управата за заштита на културното наследство. Целта на иницијативата е подигање спомен-облежје со трајна културна, историска и меморијална вредност во чест на сеќавање на битолската еврејска заедница и нејзините сограѓани, кои ги изгубија своите животи во холокаустот, како и зачувување на споменот на заедницата што дала значаен придонес во развојот на градот Битола.

Реклама

Како што е познато, на 11 март 1943 година од Битола во логорот на смртта во Треблинка беа депортирани 3.276 битолски Евреи.