Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Во Археолошкиот музеј отворена изложба посветена на делото и истражувачкиот пат на археологот Кирил Трајковски

Во Археолошкиот музеј денеска беше отворена изложбата посветена на делото и истражувачкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Археолошкиот музеј денеска беше отворена изложбата посветена на делото и истражувачкиот пат на Кирил Трајковски насловена „По трагите на македонската средновековна археологија – низ археолошките локалитети во Мородвис и Кожле“, во соработка со Фондацијата „Кирил Трајковски“ од кураторите Ана Јорданова Дубровска и Филип Аџиевски.

На отворањето беше истакнато дека оваа изложба нè води низ еден исклучително значаен сегмент од нашето минато – средновековието, период кој носи длабока духовна и културна вредност. Преку археолошките истражувања на локалитетите во Мородвис и Кожле, беше посочено, пред нас се отвора приказната за секојдневниот живот, верувањата и континуитетот на живеењето на овие простори. 

-Делото на Кирил Трајковски претставува значаен придонес во истражувањето и разбирањето на македонската средновековна археологија. Неговата посветеност, теренска работа и научна љубопитност оставија трајна трага која денес ја продолжуваме и надградуваме. Изложбата претставува не само поглед кон минатото, туку и потсетник дека културното наследство е живо, тоа е мост помеѓу времињата кој што нè поврзува со нашите корени и со вредностите кои што и денес ги носиме – се посочува во најавата за изложбата.

Реклама

Авторката Јорданова Дубровска потенцира дека оваа поставка меѓу другото зборува за континуитетот на населбите, на животот и на традицијата. 

-Иако низ вековите се менувале политичките прилики, границите и владетелите, човекот останува тука – градел, верувал, се надевал. Од праисторијата, преку доцната антика, па сѐ до средниот и османлискиот период – луѓето не заминувале, туку останувале, се прилагодувале, повторно граделе, повторно верувале. На кастелот над реката Пчиња, чија што стратешка позиција овозможувала контрола на патот од Скупи кон Тесалоника, се среќаваат различни епохи – од бронзеното и железното време, преку рановизантинскиот, до средновековниот период. Во Мородвис, религиозниот живот постојано се обновува, се надградува и трае со векови до ден денес, а материјалната култура исто така говори за еден долг период на егзистирање на човекот од праисторијата до денес – рече авторката на изложбата.

Потенцира дека во тие средновековни села и градови се одвивало се: работата на нивите, звукот на ковачницата, ткаењето на развојот, печењето леб, чувањето жито во големи садови, животот околу огништето. Посочи дека токму преку овие скромни предмети – садови, алати, тегови, ножеви – пред нас оживува светот на луѓето кои живееле, создавале и се бореле за опстанок.

Нагласи дека во оваа изложба ќе можат да се видат мали, скромни предмети: обетки, прстени, делови од накит, изработени со внимание и чувство. Посочи дека тие сведочат дека луѓето сакале да се украсуваат, да се препознаат себеси, да ја изразат својата припадност и идентитет, дури и во услови на скромен живот.

Јорданова Дубровска истакна дека Кирил Трајковски не ја доживувал археологијата само како наука, туку како живо искуство – се внесувал во неа со ретка посветеност, како да го живее времето што го истражува.

-Во секој слој, во секој наод, тој гледаше не само предмет, туку живот, човек и приказна што треба да се разбере и почувствува. Да се зборува за Кирил значи да се зборува за страст, за посветеност и за љубов кон археологијата што не познаваше граници. Тој не беше само истражувач, беше учител, водич, човек што знаеше да препознае вредност таму каде што другите не можеа. За многумина од нас, а особено за мене, тој беше гуру, тивка сила што инспирираше, што насочуваше и што остави голема трага. Неговото присуство денес недостасува, но неговото дело зборува. Секој предмет овде носи дел од неговиот труд, неговата мисла, неговата љубов кон минатото. И можеби токму затоа оваа изложба не е само научна поставка – таа е и сеќавање, и благодарност и продолжување на една мисија – рече авторката на изложбата Јорданова Дубровска.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам, а изложбата е и омаж на долгогодишната работа на археологот Кирил Трајковски.